
Башкими во Куманово со 3:1 го совлада Тиквеш за прва домашна победа во 3. коло од Прва МФЛ.
На самиот почеток на натпреварот, Тиквеш постигна гол, но тој беше поништен поради недозволена позиција. Првата закана од Башкими дојде преку Џелили, шутираше силно, но гостинската одбрана успешно реагираше. Во 20. минута, Марко Симоновски шутираше солидно, но не успеа да го изненади голманот на Тиквеш. Малку подоцна, ударот на Арменд Алими заврши во надворешниот дел од голот.
Во 35. минута, Башкими поведе со 1-0. По долга акција, Филип Алексовски погоди од десетина метри. Во последната минута од првото полувреме, Ајдохан од Башкими имаше два обида кон гостинскиот гол, но резултатот остана непроменет. Во самата завршница од полувремето, Тиквеш го израмни резултатот, но по интервенција на ВАР системот, голот беше поништен бидејќи Мишов беше во недозволена позиција.

На самиот почеток од второто полувреме, Марко Симоновски го постигна и вториот гол за Башкими, втор за него сезонава, откако веќе стрелаше против Арсими во првото коло. Истиот играч во 53. минута се закани со удар со глава, но интервенираше голманот на Тиквеш.
Гостите во 55. минута го намалија резултатот на 2:1, откако Мишов ја избегна офсајд замката и стрелаше прецизно. По проверката во ВАР собата, голот беше потврден.
Во 62. минута, Тиквеш имаше голема шанса за израмнување, Ивановски го мина голманот на Башкими, но Пановски интервенираше на само пет метри од голот.
Во 78. минута, Башкими го постигна третиот погодок. Симоновски шутираше силно од 16 метри, а по одбиената топка од голманот на Тиквеш, најдобро се снајде Алексовски и ја затресе мрежата за 3:1.
Во 87. минута, Мемети се обиде со удар од 18 метри, но голманот Стевковски успешно интервенираше и ја испрати топката во корнер.
Извор: ФФМ