Влатко Колев назначен за селектор на македонската репрезентација до 17 години

фото: Вардар Фанс

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за назначување на Влатко Колев за селектор на македонската репрезентација до 17 години (генерација 2009). Влатко Колев е носител на тренерска Про лиценца со речиси две децении искуство во работата со младински категории во домашните клубови Вардар, Работнички и Металург. Два пати е прогласуван за тренер на годината во младински фудбал. Поранешен фудбалер од шампионските генерации на Вардар и Силекс, а настапуваше и за Македонија Ѓорче Петров. Во надежната репрезентација до 17 години доаѓа на местото на Драган Начевски кој својата тренерска кариера ја продолжи во кипарскиот фудбал.