Баражите за опстанок во Втора лига одат во историја – ќе се испаѓа директно!

Од следната натпреварувачка сезона, но и во иднина од Втората македонска фудбалска лига ќе се испаѓа директно, повеќе нема да има баражи за опстанок.

Неколку промени во начинот односно системот на натпреварување во Втората лига од следната сезона.

Второлигашкото друштво ќе брои 14 екипи и така ќе биде и во следните сезони односно до сезона 2028/2029. Од Втора во Трета лига ќе испаѓаат последните три екипи односно 14-тата, 13-тата и 12-тата екипа директно ќе се селат во Трета лига.

Во однос на баражите за влез од Трета во Втора лига ќе играат шампионите на шесте третолигашки региони меѓусебно, што ќе има поголема рамноправност, наместо како досега кога третолигашите се соочуваа со второлигаши.

Во однос на влезот од Втора во Прва лига првите две екипи ќе имаат директен влез, а пак третопласираниот второлигаш ќе игра бараж за влез во елитата со екипата која ќе заврши на осмото место во Прва лига, а од Прва лига во Втора лига директно ќе испаднат десеттиот и деветтиот тим на табелата.

Александар Ванев, М-Нет