Бараж натпреварот меѓу Осогово и Шкендија Арачиново ќе игра во Кавадарци, прволигашкиот бараж ќе се игра на Чаир

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Второлигашките баражи ќе се играат во сабота, а пак прволигашкиот бараж ќе се игра во недела, но има промена на стадионите на одигрување. Иако првично беше соопштено дека Шкендија Арачиново против Осогово ќе игра на стадионот во Чаир, сепак дојде до промена и овој бараж меч ќе се игра на Градскиот стадион во Кавадарци, додека пак прволигашкиот бараж меѓу Беса и Башкими, иако првично требаше во Кавадарци, сепак ќе се игра на Чаир. Тоа значи дека стадионот на овие два бараж натпревари се заменети.

Шкендија од Арачиново е шампион во Трета лига – Север, а влез во Втора лига ќе бара против Осогово, а тимот од Кочани ќе бара опстанок во Втора лига за следната сезона на овој бараж натпревар.

На тренинг центарот на ФФМ во Скопје ќе се соочат шампионот на Трета лига – Југозапад, Преспа од Ресен против шамионот на Трета лига – Исток, екипата на Слога од Виница. На стадионот во Ѓорче ќе се одигра бараж натпреварот за Втора лига меѓу Големо Коњари кој е шампион во Трета лига – Југ и Тетекс кој е шампион во Трета лига – Запад.

Бараж натпреварите за влез во Втората македонска фудбалска лига ќе се одиграат во сабота со почеток од 17 часот.

Прволигашкиот бараж натпревар е закажан за во недела, кој ќе се игра на Чаир со почеток од 17 часот. Беса беше дебитант во Првата лига и сега се подготвува за баражот за опстанок во елитата, а опстанок ќе бара против Башкими, второлигашот од Куманово сака враќање во Прва лига после долги години.

Сите бараж натпревари Комисијата за натпревари на ФФМ ги прогласува од висок ризик.

Александар Ванев, М-Нет