
Над 3000 свињи се уништени од појавата на африканската свинска чума во државата на почетокот на годината. По првиот случај во село Драмче, делечвеско и уништувањето на свињите во тој регион обештетени се сите одлегувачи на свињи, вели директорот на АХВ, Николче Бабовски. Останатите случаи хронолошки се работат, бидејќи заради несовесно стопанисување на несовесни граѓани вирусот се пренесува од регион во регион. Но, додава дека нашата држава не е увозно зависна од увоз на свинско месо.
„О д почетокот на првиот случај кој е потврден од шести јануари депопулацијата во делчевскиот регион е завршена и сите одгледувачи на свињи се обештетени. Во новиве случаеви кои ги имаме за жал од крајот на јули месец па наваму, нашата држава не е увозно зависна од увоз на свежо свинско месо.Ж“ – кажа Бабовски.
Бобовски истакна дека потребна е поголема одговорност од одгледувачите на свињи, но и ловците, со цел вирусот да не се шири во државата. Бидејќи како што истакна тој ако се внимава нема да се пренесува речиси идентично како и со ковид пандемијата кај луѓето.
„Би апелирал до ловците, ловечката федерација бидејќи изворот кај нас се докажа дека е дивата свиња, меѓутоа поопасно е понатамошниот резервоар на овој вирус се пак дивите свињи. Подеднакво страдаат и домашната и дивата популација. Ќе ги замолам за почитување одлуката од 1 септември на територијата на државата се спорведува засилен отсретл на дивата свиња “ – додаде Бабовски
Бабовски истакна дека можности за огледување на свињи има, само граѓаните треба да се придржуваат и да ги почитуваат насоките.
Лаура Стојанова М-Нет