Атлетик непоразен есенски шамшион, одлична есен за ракометарките на Овче Поле од Свети Николе!

Новајлијата Атлетик имаше перфектен есенска полусезона со 11 победи од толку натпревари, при што тимот од Скопје има максимални 22 бодови на своето конто и како прв фаворит цели кон влез во ракометната елита на Македонија.

На делба на второто место се Ѓорче Петров 2 и тимот на Овче Поле од Свети Николе со учинок од осум победи и три порази односно имаат по 16 бодови.

Но, тимот од Свети Николе може да се пофали со најдобар стрелец во Првата ракометна лига во женска конкуренција, Анастасија Сентовска во дресот на Овче Поле СУ постигна неверојатни 104 гола и практично има речиси двојна разлика во однос на Анастасија Јованоска која за Деспина постигна 65 гола, а пак Елена Вучевска која исто така настапува за Овче Поле постигна 63 гола.

Токму тимот на Деспина е на четвртото место со 12 бодови, а потоа следуваат екипи со едноцифрен број на бодови. Стружанка е петта со осум бодови, тимот на Јехона е шести со четири бодови, а на дното оваа есен заврши Шампион, како единствен тим кој нанижа 11 порази од толку натпревари и со тоа нема бодови.

Како што е познато првопласираниот тим од Прва лига има директен влез во Суперлигата за сезона 2026/2027, додека пак второпласираниот тим игра бараж за можен влез во елитата со суперлигашот кој ќе заврши на седмото место односно на претпоследното место во Суперлигата.

Александар Ванев, М-Нет