Приведен 60 годишен штипјанец, бил агресивен и се заканувал на сопругата

23.12.2025 во 14:30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода П.Ј.(60) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал и се заканувал на неговата 65-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.