
Кошаркарите на КК МЗТ Скопје вечерва од 20 часот ќе го одиграат првиот натпревар во новата година, во рамки на АБА2 лига, каде за противник ќе ја имаат силната екипа на Војводина.
Пред вечерашниот дуел, тренерот на МЗТ, Васко Атанасов, истакна дека натпреварот ќе биде исклучително важен за двата тима и најави жестока борба на паркетот.
„Годината ја почнуваме против екипа која е меѓу најдобрите во АБА2. Средбата е исклучително важна за двата тима, поради што очекувам голема борба од почетокот до крајот на мечот. Очекувам да имаме голема поддршка од трибините, што ќе ни донесе дополнителна предност. Добро трениравме и ако одиграме како што знаеме, верувам дека ќе се радуваме на крајот“, изјави Атанасов.
Од таборот на МЗТ упатија и јасна порака до навивачите – време е за полна сала и силна поддршка, која може да биде клучен фактор во овој важен натпревар.