
Натпреварите од 20-тото коло на плеј-офот на женската ракометна Суперлига ќе се одиграат овој викенд во три дена. Колото се отвара во петок со натпреварот меѓу Чаир и Вардар во меч каде домашниот тим ќе биде фаворит за триумф.
Во сабота дерби меѓу шампионот Ѓорче Петров и Металург Автокоманда, а пак во недела ракометарките на Астибо на домашен терен во Штип ќе ја бараат првата победа во плеј-офот против Куманово.
Викендот ќе се одиграат натпреварите и од 14. коло на плеј-аутот. Во петок во Свети Николе ракометарките на Овче Поле ќе се соочат со Шампион.
Во сабота ќе се одиграат два натпревари. Спартак дома ќе игра со Ѓорче Петров 2, додека пак Пелистер во Битола ќе го пречека тимот на Стружанка. Слободна ќе биде екипата на Деспина.
Александар Ванев, М-Нет