
Со воведните три натпревари синоќа започна овогодишеното издание на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта.
Во првата натпреварувачка вечер беа одиграни три натпревари. Во првиот натпревар кој започна во 20:30 часот се соочија екипата на АСП Пак со Алуминиумски огради Охрид Струга, во натпревар каде екипата на АСП Пак покажа тотална доминација и славеше убедлива победа од 10:1.
Еден час подоцна стартуваше мечот меѓу Подгорка и Арена Мислешево, а овде со резултат од 1:2 победа однесе екипата на Арена Мислешево.
Првата натпреварувачка вечер беше затворена со мечот меѓу Стаклара Исмаилоски и Вабко Сервис Џуте, со резултат од 0:2 и победа за екипата на Вабко.
Денес се играат нови три натпревари. Втората натпреварувачка вечер започнува со мечот меѓу Хотел Амбасадор и Кафе Бар 9 во меч кој ќе започне во 20:30 часот. Вториот меч стартува еден час подоцна а играат Сатеска и Шумско Галичица, додека пак Враништа и Св. Троица 2021 ќе ја затворат втората вечер со мечот кој ќе стартува во 22:30 часот.
Телевизија М Нет е медиумски покровител на овој настан.