Емил Павлов го заврши настапот на Европските игри во Полска

Емил Павлов го заврши својот настап на Европските игри во Краков откако во групата А имаше скор од 1 победа и 2 порази, недоволни за влез во полуфиналето.

Инаку Емил Павлов е единствениот претставник во карате на Европските игри во Краков и е освојувач на бронзен медал на првите Европски игри во Баку, Азербејџан во 2015 година.

Од Македонскиот олимписки комитет му посакуваат на Емил Павлов успех во следните натпреварувања.

Европските игри во Полска официјално беа отворени вчера.