Арсими го доби Детонит Плачковица, Беса и Пелистер одат кон Прва лига, Саса кон Трета лига

Арсими преку пресврт од 2:1 триумфираше над Детонит Плачковица во рамки на 18. коло од Втората лига.

Важен меч за Арсими во борбата за третото место кое води во баражот за Прва лига.

Аљбан Мемеди прв погоди за 0:1 и водство на радовишани, а во финишот на мечот Арѓент Гафури погоди за 1:1. На стартот од вториот дел од пенал Ајрадин Цуцули погоди за пресврт и водство од 2:1. Во финишот на мечот Анџело Николовски погоди за 2:2, но голот беше поништен.

Охрид потешко од очекуваното со гол на Мартин Нически во 62. минута дојде до триумф од 1:0 над Победа, а во Автокоманда екипите на Скопје и Кожуф ги поделија бодовите играјќи 0:0, со што новиот тренер на Кожуф, Филип Деспотовски дебитираше со реми.

Башкими преку пресврт го доби Осогово со 2:1, со што “жетварите” ја продолжуваат таа грчевита борбата за опстанок. Екрем Мемеди во 42. минута погоди за 0:1 на полувреме, а во вториот дел Алији и Мурати погодија за пресврт и победа за Башкими од 2:1.

Беласица преку пресврт од 1:2 славеше во Тетово над Тетекс. Софијаноски погоди за 1:0 во 49. минутљ, а потоа струмичани преку Коцев и Љумовиќ дојдоа до победа од 1:2.

Лидерот Беса со 2:0 славеше над Новаци на домашен терен со погодоците на Албан Таипи во 1. минута и искусниот Изаир Емини во 88. минута.

Вардар Неготино со 2:0 славеше над Караорман на домашен терен со што продолжува победничката серија на екипата предводена од Горан Тодорчев. Османи и Нејковски беа стрелци во Неготино.

Фаворитот Пелистер со 2:0 го доби тимот на Саса кој е пред испаѓање во Трета лига – Исток. Двата гола паднаа во вториот дел, а стрелци беа Благоја Љамчевски и Михаил Талевски.

Александар Ванев, М-Нет