
Гостивар скоро секој ден претставува по едно ново засилување за пролетната полусезона од Втората македонска фудбалска лига.
Есенскиот првак во ВМФЛ дополнително ја засилува одбраната, откако денес го претстави Андреј Кировски како најново засилување.
23-годишниот Кировски во Гостивар доаѓа од редовите на Работнички, а со своето прволигашко искуство ќе биде големо засилување за лидерот во ВМФЛ кој во вториот дел од сезоната ќе атакува на директен влез во ПМФЛ.
Младинскиот репрезентаитвец беше дел од академијат ана Вардар, а краток период беше дел и од Динамо Загреб.
Гостивар е лидер на табелата со 37 бодови, еден помалку има Вардар кој е втор, а пак со 34 бодови на третото место е Воска Спорт. Во борбата за ПМФЛ во пролетниот дел ќе се вмеша и Пелистер, кој е на четвртото место со 30 бодови.