Денеска 59 санкционирани возачи на територија на СВР Штип

Денеска (04.01.2023) во периодот од 10.00 до 15.00 часот Секторот за сообраќајни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на СВР Штип за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 59 возачи, од кои 13 за возење без возачка дозвола, пет за непрописно вградени фолии(затемнети стакла), две санкции за возење под дејство на алкохол… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.