
Околу 250 онлајн приредувачи на среќа се забранети, до крајот на месецот ќе се забрант уште педесетина – истакна министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска од Свети Николе. Овие онлајн приредувачи на среќа работат нелегално, вели тој, а преставуваат пандемија која ги зафаќа пред се малдите граѓани. Токму затоа се соочуваме со украдени банкарски сметки, лични податоци и слично вели Андоновски.
-Тоа е битка на нашата генерација и мора да се справиме со нелегалното приредување на онлајн игри на среќа. Затоа што е пандемија којашто ги зафаќа сите граѓани, особено таргет се младите, бидејќи не можат да играат исгри на среќа со лична карта, ги земаат документите на своите родители и нелегално се приредуваат гри на среќа. Потоа имаме украдени пари, банкарски податоци, украдени банкарски картички итн, вели Андоновски.
Посочува дека секој месец имаат активности и процесот трае во континуитет. На овој начин се заштитуваат и младите луѓе од какошто рече „ предатори на интернет“, а на којшто им е целта да ги украдат податоците на граѓаните, а потоа и да ги злоупотребат.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет