
Апелација до сите граѓани во зимскиот период да користат зимска опрема, особено зимски гуми и ланци, упатија и од центарот за управување со кризи. Директорот Стојанче Ангелов, вели дека доколку немаат неопходна потреба, граѓаните да не излегуваат непотребно на патиштата, каде што има превоио и минуваат над 100 метри надморска височина. Додава да се следат прогнозите, кои се исклучително прецизни во однос на временските услови.
„Ја користам оваа прилика да апелирам до сите граѓани во зимскиот период да користат зимска опрема, особено зимски гуми, а да имаат и ланци. Најдобрата препорака е доколку немаат неопходна потреба а притоа редовно да ги следат прогнозите на ухмр кои се исклучително прецизни, да не излегуваат непотребно на патишта, каде што имаме така наречени превои, односно места, каде што патиштата минуваат екаде на околу 100 метри надморска височина, бидејќи најголемиот дел од превоите низ државата се токму на оваа надморска висолина.“, истакна Ангелов
Доколку се појави ситуација во која некој од граѓаните остане заглавен на било која точка на територијата на државата, треба да побара помош на телефонскиот број 112, доколку има телефонска линија, вели Ангелов
“Безнедноста нека биде на прво место, доколку немаат потреба граѓаните нека не патуваат кога имаме услови најава а врнежи од снег или започнува да вее. Нашите институции се подготвени и камионите веднаш ќе излезат на терен, притоа истите имаат обезбедено доволно количина на сол, кои што ќе ја фрлаат на снегот.“, додава Ангелов
Инаку, од 15 ноември до 15 март влегува законот за задолжително користење на зимска опрема, како и да се почитуваат правилата за да не се дојде до несакани послеци.
Лаура, Стојанова, М-Нет