Странските пратки во државата освен Македонски пошти ги носат и два приватни оператори

Сѐ почесто граѓаните нарачуваат пратки он лајн, а актуелни во моментот се пратките од Али експрес. На домашна адреса освен од Македонска пошта пратката може да пристигне и од приватен оператор со кој помшти имаат склучено договор. Најчесто пратките завршуваат на вистинското место, но не се исклучуваат и можностите истите да доцнат или воопшто да не пристигнат. За граѓаните да не бидат оштетени треба да ги знаат своите права и начини како да се зашитат.

„Сега актуелни се нарачките од Али експрес, кои сега доаѓаа преку Македонски пошти до граѓаните сега да се доставуваат од приватни оператори. Граѓаните се вообичаено изненадени бидејќи до сега Македониска пошта ги носеше само, а од пролетта има можност уште два канала да ги носат странските пратки.“ – вели Манчевска.

Доцнењето на партки, оштетување на исти се проблеми кои може да се појават, но тие не се во голем број. Во тој случај граѓаните треба да знаат како да реагираат, како да поднесат рекламација и на која адреса да биде лоцирана. Во овој поглед потребна е поголема едукација, велат од Агенцијата за пошти.

„Се додека немаме некаков проблем, граѓаните не се запознаени многу со своите права, но кога ќе има потреба се интересираат. Сметаме дека сѐ уште треба граѓаните да се едуцираат за тоа како да ги искористат своите права како корисници на поштенски услуги, како да поднесат рекламација“ – вели Ковачевска.

Во случај кога се повредени правата на граѓаните кога се во прашање поштенските услуги преставки може да се поднесат и до Народниот правобранител. Но праксата покажува дека изминатата година не пристигнала ниту една преставка.

„Со оглед на тоа дека изминатата година и оваа година немаше примено ниту една преставка сметам дека граѓаните не се до толку запознаени дека граѓаните може да се заштитат и да го користат овој механизам и пред Народниот правобранител.“ – вели Андонова.

Денеска во Штип беше есенскиот караван „Агенцијата за пошти поблиску до корисниците на поштенски услуги“. Целта е да се подигне јавната свест за начинот на користење на правата на корисниците на поштенските услуги. Есенскиот караван вчера беше во Велес, а веќе утре е во Струмица.

Лаура Стојанова М-Нет