
Ангажирани 14 работни лица во шест различни области во општина Кочани. По 12 пат општината го спроведува проектот општокорисна работа. Пет лица се ангажирани во детската градинка „Павлина Вељанова“, три негователи за лица со попреченост, две лица се фасилитатори за ромски деца, две лица во ценаторт за донација, едно лице фасилитатор за социјални прашања и едно лице личен асистент.
„Денес започнуваме со работен ангажман, работниот ангажман како и секоја година трае девет месеци со тоа што дел од лицата имаат и обука три месеци, а дел немаат. Инаку се работи за четири часовно работно време или 20 часовоно во текот на неделата. Целта на проектот е од една страна да ги вклучи невработените лица во пазарот на трудот, а од друга страна ранливите категории да добијат поквалитетна услуга.“ – изјави Илиевска
Додаваат дека од денес започнува работниот ангажман и како и секоја година ќе трае девет месеци. Овој проект се работи четири часа дневно или 20 часа неделно.
„Износот на средства е 20% од општина Кочани и 80% ЈУ енд ди пи, 13 750 изнесува бруто износот, дел од нив е за персонален данок и осигурување при повреди. Главни соработници во проектот се центарот за социјална работа, односно министерството за труд и агенцијата за вработување кај нас.“ – додава Илиевска
Инаку во овој проект се вклучуваат и други соработници како невладини организации и институции од кои се вклучуваат и останати луѓе. Се стекнуваат многу искуства, а со овој проект се опипува пулсот на заедницата што е потребно, вели Илиевска.
Лаура Стојанова