„Алкохолот и воланот не се добар пар“ – кампања во Штип со цел поголема безбедност во сообраќајот

„Алкохолот и воланот не се добар пар“ – полицијата со кампања за безбедност во сообраќајот. На две локации во Штип, кај Трговскиот центар и во населба Сењак, се делеа едукативни летоци со цел да се укаже на возачите дека не треба да седнуваат зад воланот пијани.

Не пиј ако возиш или ако пиеш не вози, со цел поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. Денеска на празникот на виното и љубовта се потенцираше дека на празниците треба да се ужива со блиските, да се слави, но доколку се пие алкохол да не се седнува зад воланот поради безбедност за сите учесници во сообраќајот.

„Денеска Отсекот за превенција при СВР Штип, со полициски службеници од Полициска станица за безбедност во сообраќајот на патиштата и преставник од РСБСП, спроведовме кампања со делење на едукативни летоци со едукативна содржина за возачите при што во директна комуникација со нив како учесници во сообраќајот и укажавме за штетните последици од управувањето на моторно возило под дејство на алкохол. Со тоа сакаме да ја подигнеме свеста кај сите учесници во сообраќајот со цел да ја зголемиме севкупната безбедност во сообраќајот“ – вели Милев.

Освен под дејство на алкохол од полицијата апелираа возачите да возат прописно и да ги почитуваат сообраќајните правил и прописи, со цел да се намалат сообраќајните несреќи но и жртвите од сообраќајни несреќи.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет