
Ракометарите на Алкалоид имаат успешна есенска полусезона, презимуваат на врвот од табелата и како лидери ќе ја дочекаат 2025 година. Избраниците на Кирил Лазаров имаат учинок од 15 победи и еден пораз од Вардар, со најефикасен напад со постигнати 571 погодок.
На делба на второто место се Вардар и Еурофарм Пелистер со по 28 бодови, а тоа ветува неизвесна пролетна полусезона, неизвесна трка за титулата. Ваква трка за титулата одамна немало во македонскиот ракомет, три екипи да бидат ваква израмнети во врвот од табелата и да имаат неизвесна борба за титулата.
На 4. место заврши тимот на Охрид, „гладијаторите“ имаат успешна есен со 12 победи, едно реми со Тиквеш и порази од фаворитите за титула Вардар, Алкалоид и Еурофарм Пелистер, но тимот на Охрид ја има најдобрата одбрана која примила 395 погодоци.
На овие четири екипи треба да се приклучат уште две екипи за комплетирање на плеј-офот, а трката ја водат четири екипи. Бутел и Тиквеш го делат петтото место со по 16 бодови, а пак Тиквеш и Прилеп го делат седмото место со по 14 бодови. Тоа значи дека во пролетната полусезона од регуларниот дел овие четири екипи ќе водат борба за пополнување на последните две места од плеј-офот.
Куманово е на деветтото место со осум бодови, потоа следуваат Бисинов од Велес и Струга со по 6 бодови, додека пак Радовиш е на дното од табелата како последен тим во Суперлигата, „фенерџијата“ има само еден бод, учинок од едно реми и 15 порази. Најлош напад кој постигнал 352 гола, со најлоша одбрана која примила од 562 гола.
Александар Ванев, М-Нет