Алиоски: Дадовме се’ од себе да ги израдуваме навивачите

Македонскиот репрезентативец Алиоски ја даде следната изјава за медиумите по завршувањето на натпреварот Украина – Македонија:

,,Покажавме дека можеме да играме добар фудбал против било која репрезентација. Несреќно загубивме. Имавме многу шанси, но за жал не ги искористивме, за разлика од противникот.
Тешко е, разочарани сме, но фудбалот е тоа. Дадовме се од себе да ги израдуваме навивачите, но овој пат не успеавме.”