Ален Јашароски ново засилување на Шкендија Арачиново

Фудбалскиот клуб ФК Шкендија Арачиново официјално го промовираше Ален Јашароски како најново засилување во своите редови. Искусниот напаѓач и формално го облече црвено-црниот дрес и се приклучи на проектот и целите на клубот за продолжението од сезоната.

Јашароски во Шкендија Арачиново пристигнува од ФК Силекс, а зад себе има богата клупска кариера и значајно искуство стекнато на различни натпреварувачки нивоа. Во минатото настапувал и за ФК Воска Спорт, ФК Шкупи и ФК Приштина, каде што остави препознатлив траг со своите настапи.

Од таборот на Шкендија Арачиново истакнуваат дека доаѓањето на Јашароски ќе донесе дополнителен квалитет и искуство во офанзивната линија, како и поголема конкуренција во тимот, што е од особено значење во борбата за остварување на клупските амбиции.

Од клубот му посакаа топло добредојде на Ален Јашароски и многу успешни настапи во дресот на Шкендија Арачиново.