
Каменица Саса за новата сезона како што веќе објави телевизија М Нет ги задржа Дарко Алексовски, Мартин Димоски и Александар Смилков, а со тоа започнува да го крои ростерот за новата сезона од Втората лига.
Во изјава за телевизија М Нет еден од поискусните фудбалери во тимот на „рударите“ Дарко Алексовски – Пеле истакна дека Саса заслужува да биде во горниот дел од табелата, вели дека се работи на задржување на тимот за следната сезона, а според тоа потоа и ќе се прават и потребните засилувања во тимот со цел Саса да го избори опстанокот многу порано.
Саса минатата сезона во последното коло го избори опстанокот во Втората лига, поучени од лошата сезона Саса за следната сезона ќе работи на тоа да опстанокот биде обезбеден уште на полусезоната.
Александар Ванев, М-Нет