
Со одигрување на натпреварите од второто коло продолжуваат прволигашките фудбалски возбудувања во Македонија. Веќе се делегирани и официјалните лица за прволигашките средби а по многумина нашиот најдобар воедно и интернационален судија Александар Ставрев ќе го суди натпреварот помеѓу Скопје и Брегалница . Негови помошници ќе му бидат Дејан Костадинов, Гоце Петрески и Дејан Младеновски кој ќе биде како четврти судија, сите од Скопје. За Контролор на овој натпревар е делегиран Алиларџан Хаџипази од Гостивар а Делегат ќе биде Гоце Шопоски од Скопје. Еве ги комплетните двојки за ова второ прволигашко коло:
- Скопје – Брегалница
- Струга Трим Лум – Пелистер
- Шкупи – Македонија ЃП
- Шкендија – Ренова
- Борец – Тиквеш
- Академија Пандев – Работнички
Сите натпревари ќе се одиграат во недела 15 август со нов термин на почеток во 17.00 часот.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk