Александар Маневски е нов претседател на ОФС Куманово

Александар Маневски е новиот претседател на Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) Куманово.

Маневски е претедател на фудбалскиот клуб Куманово Еуроспорт, кој е организатор и на познатиот фудбал за деца „Еуроспорт Куп“, а кој изминатиот викенд можевте да го следите во живо и на М Нет телевизија.

ОФС Куманово важи за еден од поголеми сојузи во Македонија, каде членуваат голем број на клубови и има голем број на регистрирани фудбалери, ОФС Куманово важи исто така за еден од најдобро организираните сојузи.

Маневски има повеќе од успешна приказна со ФК Куманово Еуроспорт повеќе од 20 години, клуб кој прерасна во вистински фудбалски бренд не само во Македонија, туку и во Европа. Маневски сега ја превзема претседателската функција на ОФС Куманово.

Александар Ванев, М-Нет