
Гори високостеблеста шума во пехчевско Негрево. Пожарот кој во текот на вчерашниот ден се разгоре во овој дел од државата зафати шума, а во момент се ширеше и кон градот Пехчево. ТППЕ Пехчево заедно со пожарникарите и доброволните друштва од околината цела ноќ беа на терен, а од утринава поддршка има и од воздух. Вчеравечер се одржа и координативен сосотанок во Пехчево, со цел координирано да се делува на терен деенска.
„Зафатена е високостеблеста шума, отежнато беше гасењето од човечки фактори, така да вчера не можеше да се стави пожарот под контрола. Имавме помош од сите противпожарни и доброволни друштва од околината. Во текот на ноќта се идржа и кризен штаб на кој се донесоа одлуки за конкретно делување и денеска на терен сите сме координирани, а поддршка има и од воздух.“ – вели Китански.
По информациите од утринава, градоначалникот Китански вели дека засега нема опсаност огнот да се спушти кон градот, но има се уште жаришта, ситуацијата е непредвидлива и мора да се делува брзо и ефективно за да се спречи поголема катастрофа.
„Информацијата која ја добив пред еден час зборува дека пожарот над Пехчево е делумно ставен под контрола“ – вели Китански.
Од Пехчево упатија апел сите кои се во можност да се мобилизираат и да помогнат во гасењето на пламентите јазици со цел да се спречи нова катастрофа во Малешевијата.
Лаура Стојанова М-Нет