Клубот „Off Road” од Штип е организација за помош на општеството во било какви хуманитарни и добри цели

Клубот „ Off Road” од Штип е доброцелна организација, која веќе подолги години излегува во пресрет за помош и хуманост на граѓаните. Овој клуб располага со околу 100 члена, а во истиот има повеќе од 50 теренски возила со кој помагаат на оштетенео население, без разлика дали станува збор за пожари, поплави, потрага по исчезнати лица или други видови.

Кога станува збор за пожари, овие лица кои се дел од оваа организација се секогаш во пресрест и помош на пожарникарите за било каква помош при гаснењетo или евакуирање на лица, дури и со превоз до недостапни места.

Не само што овие доброволни цели се секојдневие кај ваквата организација, тие исто прават добри гестови секоја година пред новогодишните празници со доделување на пакетчиња за најмалите во Штип, но и во Плачковичките села. Како ваква организација, тие испраќаат порака до сите на кого им е потребна било каква помош од ваков карактер, да ги контактираат и да се доверат на нивна грижа и помош.

Лаура Стојанова, М-Нет