
Сообраќајна несреќа се случи попладнево кај новиот мост на река Брегалница во Штип. Патничко моторно возило удрило во банкината на мостот, но нема повредени лица, причинета е само материјална штета. Сообраќајот на местото на настанот го регулираше екипа од СВР Штип.