Со желба за здравје и среќа верниците го празнуваат празникот Спасовден

Со желба за мир здравје, среќа и бериќет граѓаните денеска го празнуваат празникот Спосовден, кој доаѓа точно 40 дена по христовото воскресение. Од приквечерните часови во текот на вчерашниот ден и и од утринава штипјани ја посетија црквата Свети Спас во штипско Ново Село. Дел од нив велат оваа како традиција останало од годините наназад да се практикува и денес.

На Спасовден за последен пат во тековната година се вапцуваат црвени велигденски јајца, а со овој ден се поврзани и голем рој адети и обичаи кои ги негуваат верниците. На овој ден Христос го ветил и доаѓањето на светиот Дух.

„Кога ги изведе своите ученици и апостоли Христос се вознесе од нив, но предтоа им го вети доаѓањето на светиот Дух, утешителот, духот на вистината кој се исполнува и преку кого се настанало. Тој Дух ќе им ги отвори умовите не само на апостолите, туку и на плеада светители и сите ние потенцијално крстени за да ги спознаваме вистините божји, да го разбереме евангелието и да ги читаме пророштвата, да го разбереме сето она што Гристос ни го дал нам за наше спасение“

Како и вообичаено за време на празниците пред црквите во Штип се поставени тезги, од каде може да се купат и предмети и храна. Еден д продавачите вели годинава бројот на верници е помал кој ја посетиле црквата Свети Спас.

„Јас секоја година доаѓам овде на овој празник, но сум изненаден од бројката што беше толку слаба, односно малата посетенеост на црквата.“

Празникот Спасовден е во редот празници кој менува дата, но не и ден идентично како и Велигден. Овој празник секоја година се празнува во четврток.

лаура Стојанова М-Нет