
Автобуси без клима уреди, неклиматизирани работни простории на екстремно високи температури – вакава е сликата во дел од конфекциите во Штип. Работниците се соочуваат со големи проблеми со условите на работно место, вели претседателката на Гласен текстилец Кристина Ампева. Иако до сега многу пати е реагирано за ваквите проблеми на терен резултати и не се така видливи. Вели дека ова е проблем кој се повторува речиси секоја година летниот период, кога жените работнички до работното место и назад се возат во автобуси кои немаат клима уреди.
„Знаете дека реагирваме во однос на конфекциските погони и во други останати погони, реагиравме за тоа што климите не се вклучуваат. Имаше од цела источна Македонија, на крајот имавме поплаки дека имаме превозници во Штип кои што 30 години, иако земаат пари од работодавачите, сепак не мислат дека треба да инвестираат. Реагиравме некаде рабородавачите навистина реагираа до превозниците и бараат нивните работници да се возат во климатизирани услови, збориме за 21 век. Во тој дел реагирано е и последно е и почнуваат да не плашат некои работи кои што не сме мислиле.“ – изјави Ампева
Ампева вели дека со чесни исклучоци, дел од работодавачите бираат и бараат нивните вработени на работно место и назад да бидат превезувани со автобуси кои се климатизирани.
Лаура Стојанова, М-Нет