
Утре започнува четвртфиналето од Меморијалниот турнир „Влатко Петров“ во штипска Чардаклија.
На програмата утре, понеделник ќе бидат два натпревари, кои ќе бараат „виза“ за пласман во полуфиналето. Во 20:30 часот Агро Смарт ќе се соочи со екипата на Перо и тајфата, а еден час подоцна Драгеви против Браварска работнилница Сашо ГИС Скопје.
Во вторник (30. јули) на програмата ќе бидат нови два натпревари. Во првиот меч од 20:30 часот Вистони ЖП Босилово против Електро ДМ, а пак еден час подоцна односно од 21:30 часот Радање против Матива.
Полуфиналето е закажано за 31. јули односно среда од 20:30 часот првиот меч, а вториот од 21:30 часот.
Натпреварот за трето место и големото финалето ќе се одигра на 2. август. Од 20 часот натпреварот за трето место, а пак од 21:30 е финалето, по што ќе се добие победникот на Меморијалниот турнир „Влатко Петров“ кој се одржува во штипската населба Чардаклија.
Александар Ванев, М-Нет