
Македонија една од најлошите земји согласно бројот на жртви на улиците, рече денес министерсот за внатрешни работи Панче Тошковски во својата изјава. Тој потенцираше дека само изминатата година имало 142 жртви, бројка која доведува до овој залучок. Се со цел да се намали бројот на жртви, Тошковски рече дека ќе се работи на постававање на камери на сите патишта низ државата, кои што ќе утврдуваат сообраќајни прекршоци, како решение за ваквата ситуација. Oдговоро потврди правилата ќе важат за сите и ниту еден функционер нема да биде изоставен, доколку прави крекршок.
,,Претставници од од МВР и министерството за транспорт интензивно, заедно со сите останати институции работат на ревидирање на сите постоечки патишта кои што ги имаме низ Македонија на кој што ќе се лоцираат безбедносните камери и камерите кои што утврдуваат одредени сообраќајни прекршоци. Овој тест период кој што го имаме за овие триесетина дена првично утврдено е навистина одлична можност како граѓаните да се запознаат со она што сакаме да го имплементираме се со цел да 2025 година немаме 142 жртви на улиците низ Македонија, наши луѓе, кои што имаат семејства. Во просек 78 на милион жители. Скандинавскиот просек е некаде околу 20 жртви на милион жители, европскиот просек е некаде околу 45, нашиот просек наназад 15 години е некаде околу 78. Значи катастрофа сме во тој дел. Ние сме едни од најлошите земји во свет согласно број на луѓе кои што ги губиме на улиците со години. Бројката од 142 жртви не е цифра обична, тоа се луѓе со семејства со фамилии со деца, родителите кои што секојдневно ги губиме на улицата.“, рече Тошковски
Исклуок за казнување ќе бидат возилата на итната медицинска помош, кои што ќе имаат јасно пропишани ситуации, потврди Тошковски, како и возила на МВР кои што се во рамките на оперативна акција.
,,Никој нема да иде исклучен, секако дека возило на брза понош кога вози повеќе од дозволеното во одредени јасно пропишани ситуации не може да биде казнето. Секако дека возила на МВР кои што се во рамките на опреативна акција нема да биде казнето. Ниту еден функционер во рамки на редовно вршење на неговите работни задачи нема да биде иземен од овој систем, односно ќе биде казнет.“ додаде Тошковски
Тошковски и понатаму потенцираше дека нема да има селективен пристап за никого, наведувајќи дека само така државата може да функционира.
Иван Митев, М-Нет