
Три новогодишните концерти ќе организира средното државно музичко училиште Сергеј Михајлов Штип, поради зголемениот интерес од страна на граѓаните. Како што посочи директорот Илија Ќосевски, првиот ќе се случи на 23 декември од 20 часот, додека останатите два на 24 декември од 17:30 и 20 часот. Тој потенцираше дека билетите за првите два се целосно распродадени, па сега ги покани граѓаните да си обезбедат билет и третиот концерт.
,,За наша среќа и големо задоволство првите два концерти, како што беа најавени за на 23 и 24 декември во 20 часот, за неполни два дена се распродадоа и така да, бидејќи видовме дека има голем интерес за одржување, еве ви го најавуваме и третиот по ред концерт на 24 декември од 17:30 часот во домот на ултурата во Штип.“, вели Ќосевски
На трите концерти ќе настапат околу 250 ученика рече Ќосевски, а ќе биде претставена музика за сите категории граѓани
„Како и секоја година традиционално бидејќи ова е 14 по ред новогодишен концерт, ќе настапат од прилика околу 250 ученика, кои учат во нашето училиште, како од основното, така и од средното образование. Ќе има дбележување на повеќе јубилеи, кои што ја зафатија 2025 година. Ќе има делови од опера, традиционални валцери, традиционална македонска музика.“, рече Ќосевски
Инаку, новогодишниот концерт ова средно училиште оваа година го организриа по 14 пат, а целта е да се создаде празнична магија и енергија.
Иван Митев, М-Нет