
Треба ли да се врати задолжителниот воен рок во државата. Отакако пред повеќе од 15 години се укина задолжителното служење на воен рок во Македонија, младите немаат обврска да служат восјка како периодот претходно. Ама гунат многу велат поголем дел од анкетитраните граѓани на терен во Штип. Повозрасните штипјани сведочат за времето кога оделе во војска, согласни дека е период кој го паметат само по добро. Во времето на Југославија велат служеле војска од 12 до 18 месеци, па сметаат дека оваа обврска треба да се врати во државата.
„Треба, без војска може ли држава – не може. Ние сме биле по 18 месеци. Што да ви кажувам, пријатели од цела Југославија, се запознаваме, дружеме се. Од една страна децата се чувствуваат појаки, и се доведуваат во ред со одењето во војска“ – велат анкетираните граѓани.
Во нашата држава се уште не се разгледува можноста за враќање на воениот рок за разлика од соседна Србија на пример каде се покрена иницијатива за враќање на воен рок во времетраење од четири месеци. Тоа е со цел да се зголемат одбранбените способности на вооружените сили на Србија, преку подмладување и подобрување на пополнувањето и обуката на активните и резервните сили. Слична иницијатива имаше и во Хрватска за воведување воен рок на еден месец по завршување на средното образование.
Лаура Стојанова М-Нет