MВР ќе биде фокусирано да воведе системски решенија и законска регулатива во функција на државата

Mвр во следниот период ќе биде фокусирано да воведе системски решенија и законска регулатива во функција на територијата на државата. Министерот Панче Тошковски вели дека само вака може да се говори дека имаме вистински пристап кон решавање на проблеми. Поинаку како што додтано вели многупати во минатото се покажално неуспешно.

„Ќе создадеме соодветна законска регулатива, ќе ги инсталираме сите техничќки средства што треба да бидат инстирани, а ќе го ставиме овој проект во функција на територија на Македонија. Само со системски решенија можеме да говориме дека имаме всуштински пристап кон решавање на проблемите. Поинаку со замачкувања многупати во минатото се покажало како резултат нема. Станува збор за систем на граница, за одделение на еколошки криминал, за зајакнување на капацитетите на одделението за организиран криминал, како и на крим полиција и сл,” додава Тошковски.

“Накратко ова се дел од основните работи на кои што МВР ќе биде фокусирано во наредниот период. Станува збор за систем на граница, за одделение на еколошки криминал, за зајакнување на капацитетите на одделението за организиран криминал, како и на крим полиција и сл. Тоа се работи во рамки на нормален безбеден систем, а во надлежност на МВР.”, додава Тошковски

Со ваквите промени во државата не само што ќе се воведе законска регулатива со кои ќе се спречат прекршоците, туку ќе се зголеми и безбедноста воопшто за граѓаните.

Лаура Стојанова, М-Нет