Дезинфекцијата на сите возила кои влегуваат во Штип – казни за прекршителите

Денеска почнаа со работа два од трите пункта за дезинфекција на возилата кои влегуваат во општина Штип и тоа на влезот од Скопје кон Штип кај Републичката полиција, влезот од Струмица и Радовиш кон Штип кај училиштето „Искра“ и дополнително од утре ќе се работи на пункт кај влезот од Кочани кон Штип поточно кај индустриската зона „Македонка“.

„Општина Штип ги презема сите мерки и чекори коишто се во насока на поголема заштита на граѓаните, на сите возила коишто влегуваат и доаѓаат од околните градови. Морам да напоменам дека останатиот дел од градот, постојано се дезинфицира преку ТППЕ и ЈП „Исар“.Дезинфицирани се улиците, плоштадите, јавно прометните површини и влезовите од станбените згради,“  – истакна градоначалникот Бочварски.

Полицијата ќе ги контролира сите пунктови кадешто возилата кои влегуваат во градот мора да ги поминат и ќе се изрекува казна доколку одредено возило го заобиколува овој пункт за дезинфекција.

Славица Величковска