
Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека во Кочани е регистриран првиот случај на заразен со коронавирус во Кочани.
Кочани е една од општините во кои континуирано се спроведуваат превентивните мерки, изјавуваат од локалната власт. Од вчера се затворени и седумте повеќенаменски игралишта во Кочани и во Оризари. По примерот на детските коишто не се во употреба од 21 март, црвените ленти и краткото писмено соопштение поставени од општинските служби, ја означија забраната за користење и на повеќенаменските игралишта.

На седницата на Општинскиот кризен штаб, овие локации беа посочени како критични собралишта на поголеми групи лица, поради што се побара Општина Кочани да ги затвори, а Полицијата позачестено да интервенира таму каде што има група поголема од пет лица.
„Со тоа е спроведена една од двете нови мерки коишто ги определи Општинскиот кризен штаб за спречување на ширење на болеста КОВИД-19. Во тек се и подготовките за дезинфекција на возилата на трите сообраќајни влеза во Кочани. Кога ќе дозволат временските услови ќе се интервенира со механизација, со тоа што ќе се започне од сообраќајницата по која се движат возилата што доаѓаат од Штип, токму поради бројот на заболени што ги има во оваа соседна општина“ – информираат од Општина Кочани
Славица Величковска