20 години од смртта на Миле Јаневски – Џингар патрон на средното училиште во Каменица

На 28 април 2001 година, попладнето во 17:45 часот на кривината Црвен камен во месноста Бреза, на средина од планинскиот пат помеѓу селата Селце и Вејце – тетовско, се случи најгрозоморниот и најкрвавиот настан во војната во Македонија од 2001 година и во поновата историја на Македонија. Крвав настан меѓу ретките, со ваква жестокост и злоба, извршен и забележан во вековната борба за слобода и државност на македонскиот народ во Македонија. Вкупниот крвав биланс е осум загинати и тројца ранети припадници на безбедносните сили на Република Македонија меѓу кои имаше и еден каменичанец. Во негова чест 28 април на скромен начин со положување на свежо цвеќе и пригодна програма се одбележува тој ден во организирање на средното училиште кое го носи неговото име заедно со локалната самоуправа од Македонска Каменица.

„ Ден кога одаваме признание, го чествуваме ликот и делото на нашиот херој Миле Јаневски – Џингар чие име со гордост го носи нашето училиште токму затоа овој град и воопшто целата македонска јавност со голема почит кон минатото се гордеат што денес достојно чествуваме слава на херојските животи нека остане вечен споменот на МЈЏ во нашите горди сеќавања. Да го почитуваме неговото дело и да дејствуваме онака како што беа и неговите идеали. Нашето училиште кое со гордост го носи името на нашиот херој се труди и ќе се труди секогаш преку активностите на учениците нивните постигања, награди, признанија да биде достоен репрезент на ликот и делото на Миле Јаневски – Џингар. Истакна  Елизабета Георгиева – дир СОУ„Миле Јаневски – Џингар“

Представници од локалните инститруции невладин сектор и фамилијата Јаневски најпрвин ја посетија бистата на овој каменички херој која се наоѓа во паркот на борците во непосредна близина до општинската зграда, втората локација беше кај споеникот на улицата Гоце Делчев и програмата завршува во училишниот двор.

На денешен ден пред 20 години односно во 2001 – та година се случи несреќа во која загинаа неколку припадници од специјалната единица „Волци“ меѓу кои беше и каменичанецот Миле Јаневски – Џингар денеска на скромен начин се одбележува патрон празникот на средниот општински училишен центар во Македонска Каменица каде со положување на цвеќе му одадоа почит за неговото дело и живот.

Со мелодирање на државната химна но и химната на училиштето ја отворија церемонијата на која беа доделени плакети за најблиските соработници од локалниот бизнис сектор, установи како и благодарници и дипломи за учесниците на литературниот и ликовен конкурс кои беше распишан од страна на училиштето логистички потпомогнат од културно информативниот центар „Романса“.

Одбележувањето на патрониот празник на нашето училиште е посебен ден за сите нас, ден полн со емоции, ден кога градот го слави името на Миле Јаневски – Џингар херојот кој својот живот го положи за одбрана на татковината и кој постхумно е одликуван со медал за храброст. Денес стоиме исправени пред споменикот на МЈЏ обврзани да го продолжиме патот на создавање на сигурна и безбедна иднина на младите генерации обврзани да го издигнеме образовниот процес на повисоко ниво како наш врвен приоритет во работењето. Нашиот пат е посветeн на младите луѓе отворање преспективи нови визии восприемање на европските вредности и подготовка за пазарот на трудот. Кажа Соња Стаменикова – градоначалник на Македонска Каменица

Овој денешен настан се реализира во субстандардни услови малку поразлично од пред појавувањето на пандемијата предизвикана од корона вирусот. Да се слави и чествува неговото име уште многу години вечна му слава на овој каменички борец кој го положи својот живот за подобро утре на нашата држава Македонија.