Футсал атракција во Штип, Астибо и Кратово постигнаа дури 24 голови

Исклучително интересно, возбудливо и атрактиво зачинето со 24 голови заврши дербити на дното во Штип помеѓу екипите на Астибо и на Кратово. Одиграа еден фајтерски, фер и коректен натпревар со одлична свирка на судиите Филип Ицковски од Скопје и Славче Шоповски од Велес. Астибо набрзина поведе со 2:0 за да Кратово експресно израмни на 2:2.Се играше гол за гол, за да на крајот полувремето заврши со резултат 6:4. Во вториот дел продолжи атрактивната и пред се ефикасната игра за да конечниот резултат гласеше Астибо – Кратово 15:9. Стрелци на головите за Астибо беа Петар Левков и Јовица Марковски кои постигнаа по 4 голови, Марјан Зашков стрелаше три пати, Александар Божинов постигна 2 гола а Алан Имеровски и Иван Стојчев постигнаа по 1 гол. Интересно по подолга пауза на голот на Астибо застана Дарко Денков кој за периодот додека бранеше прими само еден гол, со еден збор постави вистинска ролетна на голот а со тоа и резултатот се прекрши во корист на домашните. Потешко му беше на Ивица Мачкиновски еден од најдобрире играчи на Астибо кој поради повреда мечот го следеше од трибина. Еве ги комплетните резултати од ова 19 коло:

  1. Арбен Бајрами – Шкупи 1:2
  2. Железарец – Мал Ајакс 5:2
  3. Јувентус Серава – Карадаку 10:5
  4. Астибо – Кратово 15:9
  5. Црна Река – Кеги Моби 2:2
  6. Проект Цико – Велес не одиграно

До крајот на првенството остануваат уште 3 кола во кои Астибо ќе гостува на Кеги Моби и на Проект Цико а во Штип ќе се сретне со Велес.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk