
По речиси еден тон кислород се троши дневно во Клиничка болница Штип. Ако во претходниот така наречен втор ковид бран на дневно ниво се трошеа по 500-600 литри, а пред месец дена по 800 литри денеска се троши по еден тон кислород, што зборува за фактот дека на се поголем број пациенти позитивни од ковид 19 им е потребна кислородна поддршка.
„Ние веќе го надминавме еден тон со последните случаи и не знам до кога веројатно ќе расте уште одреден период бројката, но со режим на префрлањето на течен кислород малку по малку ќе ни се олесни“ – истакна директорот на КБ Штип, Д-р. Ален Георгијев.
Инаку, во изминатото деноноќие во Клиничка болница Штип хоспитализирани се 91 пациент, од кои 40 во модуларната ковид болница и 51 на Инфективното одделение. Од нив за 40 им е потреба кислородна поддршка. Слободно се 7 места во модуларната ковид болница и 4 на одделот за Инфективно без можност за кислородна поддршка. Битката со корона вирусот ја изгубиле две лица 67 и 69 годишна возраст од Штип. Во меѓувреме, новиот сој на вирусот е се по застапен и кај младите, па препораките се да се почитуваат мерките и протоколите за заштита од невидливиот непријател.
Лаура Стојанова М-Нет