
Одделот за хирургија и урологија при Клиничка болница Штип, од денеска имаат на располагање нов модерен апарат кој ќе им служи во нивното работење. И во време на пандемија не застанаа придонесите за подобра и побезбедна здравствена услуга при Клиничка болница Штип.
„Денеска ќе го ставиме во употреба овој модерен апарат кој се користи за модерна хирургија со што покажуваме дека и во ова тешко време мислиме на иднината“ – истакна Директорот на КБ Штип, Д-р. Ален Георгијев.
Со овој апарат се заменува стариот начин на операцја со нов, побрз и побезбеден начин.
За Клиничка болница Штип да продолжи да биде лидер во здравството во Истокот во државата, не завршуваат вложувањата со овој апарат. Директорот на КБ Штип, Д-р. Георгијев истакна дека се работи и на обезбедување на други потребни останати апарати.
„Одделот за патологија ќе добие два нови апарати, одделот за ренген ќе добие нов ехо апарат, во тек се и набавки за нови машини перење и сушење индустриски.“ – истакна Георгијев.
Апаратот вреди некаде околу 2.2 милиони денари. Сите апарати се набавени со сопствен Буџет од штипската Клиничка болница. Оваа година од Буџетот на болница се прланирани од прилика околу 14 илјади евра за микротомот, 7 илјади евра за микроскопот, ехо апаратот 2 милиони денари, машините за перење и сушење од прилика по 8 илјади евра.
Лаура Стојанова М-Нет