Штип еден од градовите во кои се планира масовна имунизација на населението

Штип еден од градовите во кои се планира масовна имунизација на населението, покрај онаа што деновиве се одвиваше во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Министерот за здравство Венко Филипче најави дека вакцинација ќе се врши на повеќе локации низ државата, бидејќи како што истакна тој следува период во кој пратките на вакцини ќе биде поголем.

„ Во овој период којшто е пред нас ќе работиме очекувајќи ги кинеските вакцини кои ќе направат најголема промена во динамиката на спроведување на вакцинацијата. Места за масовна вакцинација во уште неколку градови по примерот на салата Борис Трајковски, а тоа ќе бидат градовите Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид и Тетово покривајќи соодветни региони околу овие Здравствени домови кои може овој процес да го изменаџираат со кадар“ рече Филипче.

Според информации од Филипче досега во државата се вакцинирале речиси 30 илјади граѓани, а до крајот на месец април и првата недела од месец мај се очекува да пристигнат и поголеми пратки вакцини. За продолжување на полицискиот час пак зависи од бројката на новозаразени пациенти.

Лаура Стојанова М-Нет