Дупки, искршени картери на автомобили е сликата од клучка „Три чешми“ кон автопатот Штип – Миладиновци

Регионалниот пат од клучка „Три чешми“ до поврзување со новиот автопат Штип – Миладиновци во катастрофална состојба. Ископани дупи, вдлабнатини, од страната искршени картери од автомобили е сликата која се гледа секојдневно доколку патувате по овој пат.

Дел од возачите кои знаат се трудат да ги избегнат дупките со цел да го зачуваат својот автомобил. Оние кои не поминуваат одовде многу често, се наоѓаат во ситуација да останат без некој дел од своето возило. И уште по трагично е што  дупките не се наоѓаат само на едно место, па да ги поминете и возете спокојно. Кај клучката Три чешми, на речиси дестетина метри оддалеченост се појавува нова и нова дупка. За санирање на овие штети по патот побаравме одговор од Јавното претпријатие за државни патишта, но не добивме одговор бидејќи истите не ги добивме на телефон.
Инаку, дел од возилата насочени кон цнтарот на државата за да се приклучат на автопатот Штип Миладиновци го користат токму овој пат.

Лаура Стојанова М-Нет