
Повторно се враќа стра слика во Клиничка болница Штип. Нитуе едно слободно место во модуларната ковид болница, а на одделението за Инфективно слободни се три кревети, но без можност за кислородна поддршка, информираше потпаролот на Клиничка болница, Штип Марина Шуманска. Во текот на ноќта битката со ковид 19 ја изгубиле три лица, едно од Делчево 79 годишна возраст, едно лице од Радовиш на возраст од 75 години и едно лице од Штип на 66 години. Во последното деноноќие во штипската болница хоспитализирани се 97 пациенти од кои 41 во модуларната болница и 56 на инфективното одделение, а на 41 пациент им е потребна кислородна поддршка. Без слободни места во модуларната болница се и во Кочани. Директорот на кочанската Општа болница со проширена дејност, Александар Серафимов, истакна дека слободни се само 5 кревети на одделението на Физикална медицина и 9 кревети на Интезивна нега. Починат е еден пациент од Кочани на возраст од 59 години. Надлежните апелираат да се почитуваат мерките и протоколите за заштита од корона вирусот, како и почитување на полицискиот час, мерките за не групирање и забрането осбирање.
Лаура Стојанова М-Нет