Почина работник по пад во шахта на патот Штип – Радовиш

На 09.04.2021 во 17:50 часот во полициска станица Радовиш било пријавено дека во шахта на магистралниот пат во изградба А-4 Штип-Радовиш, поточно во близина на крстосница за с.Бучим бил пронајдено починато лице. Увидна екипа од ОВР Радовиш, Трудов инспектор и лекар извршиле увид на местото, при што било утврдено дека станува збор за Б.Б.(49) од Скопје, кој додека извршувал работни задачи за фирма, паднал во шахтата. По наредба на Јавен обвинител извршена е обдукција.