
На 07.04.2021 околу 13.40 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица Штип во двор од куќа на ул.„Теодор Стојановски“ во Штип било забележано патничко моторно возило „голф“ со кочански регистарски ознаки до кое имало растоварени огревни дрва без соодветна документација. Од страна на шумска полиција која излегла на местото на настанот преземени се мерки за понатамошна постапка.