Тимот на ФК „Детонит“ се искачи на врвот на ТМФЛ – Исток

По одигрувањето на 14 коло на Третата фудбалска лига – Исток дојде до промена на самиот врв на табелата откако тимот на Детонит во Радовиш славеше убедливо против Карбинци, додека дерби натпреварот во Свети Николе помеѓу Овче Поле и делчевска Брегалница заврши нерешено и без голови. Сега Детонит е прв со 35 освоени бодови и гол разлика од плус 35 голови а Брегалница има ист број на бодови, но гол разлика од плус 25 голови. Еве ги комплетните резултати од ова 14 коло:

  1. Василево – Чешиново 3:3
  2. Работник – Раклиш 0:2
  3. Тиверија – Спартмани 6:1
  4. Хоризонт – Малеш 2:0
  5. Детонит – Карбинци 4:0
  6. Овче Поле – Брегалница 0:0

Табела

  1. Детонит 35 43 : 8 +35 голови
  2. Брегалница 35 38: 13 + 25 голови
  3. Хоризонт 31
  4. Овче Поле 31
  5. Малеш 22
  6. Чешиноиво 18
  7. Спартмани 16
  8. Тиверија 16
  9. Раклиш 14
  10. Карбинци 13
  11. Работник 7
  12. Василево 4

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk