Ново фудбалско дерби на истокот на програмата на Мнет ТВ и на каналот Спорт Мнет

Утре,сабота ќе продолжат фудбалските возбудувања во Втората Македонска фудбалска лига – Исток со нови предизвици и возбудувања. И овој пат спортската редакција на Мнет ТВ на својата програма и на каналот Спорт Мнет ќе врши директен пренос од натпреварот во Македонска Каменица : Каменица Саса – Слога Виница. Нова можност за докажување и надигрување на овие две симпатични екипи за завземање на позиција во средината на табелата. Еве ги комплетните двојки за ова 21 коло:

  1. Каменица Саса – Слога
  2. Брегалница – Победа
  3. Тиквеш – Плачковица
  4. Кит Го Пехчево – Росоман
  5. Кожув – Осогово

Сите натпревари ќе се одиграат во сабота 3 април 2021 година со почеток во 15.00 без присуство на публика.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk