
Денеска започна вакцинација во Кочани, Делчево, Македонска Каменица, Пехчево и Виница, со вакцините на „Астра Зенека“ за граѓаните над 77 години. Вакциналниот пункт во Кочани утринава започна со вакцинанција на овие граѓани во 8 часот, а истата ќе се спроведува до 14:30 часот секој ден од понеделник до петок. Директорот на Општата болница со проширена дејност Кочани, Серафимов во телфонски разговор за М-Нет телевизија истакна дека тие вакцинација се спроведува без проблеми.
Во Општата болница со проширена дејност Кочани пристигнаа околу 600 вакцини, а термините на лицата за вакцинирање се закажани преку матичен лекар. До 9ти април сите термини се потполнети. Вакциналниот пунк во Кочани е прилагоден за пристап и на лица кои имаат потешкотии во движењето, и тие ќе може да се вакцинираат слободно. Инаку состојбата со ковид позитивни случаи во Кочани слична како во Штип, истакна Серфаимов.
Слободни моментално во Кочани се 9 кревети за ковид пациентите.
Лаура Стојанова М-Нет