
Јавните претпријатија „Исар“ и „Стипион“ Штип, добиваат нови директори. Градоначалникот на Општина Штип, Николов, им даде шанса на сегашните директори да се покажат во својата работа, но според него и покрај одличниот напор кој го видел од нивна страна, се покажало дека стојат во иста линија подолго време. Со оглед на тоа ги разрешил. Здравко Коцев е новиот В.д. директор на ЈП „Исар“, а Трајче Коштанов В.д. директор на ЈП „Стипион“. Сегашните директори Тасев и Протогеров имаат можност да работат како советници во кабинетот на градоначалникот.
„Решив денеска да ги разрешам двајцата директори од таа позиција, со што на нивно место ќе назначиме нови двајца директори. ЈП„Исар“ ќе добие нов директор, господинот Здравко Коцев, а ЈП„Стипион“ ќе добие нов директор господинот Трајче Коштанов. Сегашните директори ќе бидат назначени како советници во мојот кабинет“ – истакна Николов.
Трајче Коштанов претходно беше лицето, односно комуникацијата поставена од Николов, за соработка меѓу двете јавни претпријатие. Меѓутоа, како што истакна првиот човек на градот под Исарот, оваа комуникација ќе продолжи само со ново лице.
Од овој петок состаноците кои се одржуваа меѓу градоначалникот и директорите на двете јавни претпријатија сега ќе се одржува и со советниците. Поточно, градоначалникот, новите директори и старите директори како советници. Според законот до изборите наесен новите директори ќе бидат назначени како вд директори, а во директорската фотелја ќе седнат со завршување на процедурите за разрешување и назначување на нов директор.
Лаура Стојанова М-Нет